Тошковски: Има недостиг на полицајци, а вишок на началници и менаџери

од Даниел Ѓорѓиевски
29 прегледи
Постојат недостаток на полициски службеници кои ќе овозможат побрза имплементација на системот ,,Безбедна Држава”, смета министерот за внатрешни работи. Според Тошковски од друга страна министерството се соочува со превработеност во други сектори.
„Во делот на оние позиции каде што има тешка работа, работа која што е на терен, да го загрози својот живот за да може граѓаните да живеат безбедно и сигурно, таму секогаш ни недостасуваат полицајци. Од другиот дел, комотниот дел, каде што не се изложени на дожд, на ветер, на улица, таму имаме вишок на вработени. Во иднина се преземаат оперативни планови и активирање на сите оние недоволно употребени вработени во МВР, и ќе видите, времето ќе покаже, и ќе видите разлика во споредба со претходно“, потенцира Тошковски.
Тошковски потенцираше дека во министерството владее неред и системот кој го нарече ,,клати врата, земај плата” бил практика во МВР, но нагласи дека се подготвува промена на закон со кој ќе се спречи оваа пракса.

 

Слични содржини