Зеленски: „Нашата одбрана е неодржлива без Американска поддршка.

од Љубиша Владимиров
141 прегледи
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по вчерашната посета на Белата куќа и жестоката дебата со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и претседателот Доналд Трамп, уште еднаш нагласи дека без САД, одбраната на Украина би била неодржлива.
„Многу сме им благодарни на Соединетите Американски Држави за сета нивна поддршка. Благодарен сум на претседателот Трамп, Конгресот за нивната двопартиска поддршка и американскиот народ. Украинците отсекогаш ја ценеле оваа поддршка, особено за време на овие три години на целосна инвазија“, напиша Зеленски.
Зеленски додаде дека спроведувањето на мирот со Русија  би било невозможно бидејќи Путин го прекршил договорениот прекин на огнот 25 пати.
„За нас е клучно да ја имаме поддршката од претседателот Трамп. Тој сака да ја заврши војната, но никој не сака мир повеќе од нас. Ние сме тие што ја живееме оваа војна во Украина. Тоа е борба за нашата слобода, за нашиот опстанок“, додаде Зеленски.

Украинскиот претседател додаде и дека Американците помогнале да се спасат украинските цивили.

„Подготвени сме да потпишеме договор за минерали и ова ќе биде првиот чекор кон безбедносните гаранции. Но, ова не е доволно и ни треба повеќе од тоа. Прекинот на огнот без безбедносни гаранции е опасен за Украина. Се бориме три години и украинскиот народ мора да знае дека Америка е на наша страна“, напиша Зеленски.

Украинскиот лидер нагласува дека Украинците сакаат мир, додавајќи дека тоа е единствената причина поради која дошол во САД.

„Договорот за минерали е само првиот чекор кон безбедносни гаранции и поблизок мир. Нашата ситуација е тешка, но не можеме само да престанеме да се бориме и да немаме гаранција дека Путин нема да се врати утре“, заклучи Зеленски.

Според Зеленски, ќе биде многу тешко да се преживее без поддршка од САД. Што дополнително ја потврдува потребата од силни безбедносни гаранции.

Слични содржини