Европската унија (ЕУ) планира да воведе „реципрочни тарифни мерки“ за челик и алуминиум и ќе мора да „одговори“ на други производи, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на Португалија, реагирајќи на претстојното американско воведување царини од 25 отсто за европските производи.
„Доколку се потврдат американските тарифи за челик и алуминиум, Европејците ќе одговорат и затоа ќе има реципрочни царини. „Затоа што мораме да се заштитиме и мораме да се браниме“, рече Макрон на заедничката прес-конференција во Порто со португалскиот премиер Луис Монтенегро, пренесе Бета, повикувајќи се на ФП.
„Не смееме да бидеме слаби на никаков начин пред овие мерки“, рече францускиот претседател на крајот од државната посета на Португалија.
Европската унија е загрижена за царините за челик и алуминиум што американскиот претседател Доналд Трамп има намера да ги воведе, без оглед на потеклото на металите.
Трамп во средата објави дека има намера да воведе царини од 25 отсто на сите производи од ЕУ.
„И ако, како што беше најавено, на почетокот на април се воведат царини за европските производи на ова ниво, Европејците ќе мора да одговорат“, рече Макрон.