Оштетен храмот на Ѕевс во Атина

од Даниел Ѓорѓиевски
59 прегледи

Храмот на Ѕевс во Атина е оштетен за време на протестот одржан во главниот град по повод двегодишнината од трагичната железничка несреќа во Темпи, која однесе 57 животи, јавуваат грчките медиуми.

Во соопштението на грчкото Министерство за култура се вели дека е причинета значителна штета за време на протестите во петокот на археолошкиот локалитет на Олимпискиот храм посветен на богот Ѕевс.

Се наведува дека инцидентите на овие локации „вклучувале вандализам извршен од поединци кои ја нарушувале мирната комеморација“, пренесува грчкиот портал Сити Тајмс.

Министерството прецизира дека мермерот од  стариот храм бил скршен и фрлен на авенијата Амалија. Одделението за зачувување на антички споменици на градот Атина веќе ги собрало скршените фрагменти и презело чекори за санирање на штетите.

Слични содржини