Израел ја блокира доставата на залихи во Газа

од Даниел Ѓорѓиевски
17 прегледи

Израелските власти утринава објавија дека го прекинуваат влезот на стоки и залихи во Појасот Газа, критикувајќи го палестинското движење Хамас за отфрлањето на американскиот предлог за продолжување на прекинот на огнот до средината на април и се закануваат со друи санкции доколку продолжи несогласувањето на Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да го прекине целиот влез на стоки и залихи во Појасот Газа почнувајќи од утрово, се вели во соопштението на неговиот кабинет. Се додава дека Израел нема да прифати прекин на огнот без ослободување на заложниците и дека ќе има други дејствија во случај Хамас да истрае на своето одбивање.

Хамас веднаш реагираше, велејќи дека прекинот на испораката на стоки во Појасот Газа претставува „воено злосторство и кршење на договорот за прекин на огнот“.

Одлуката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја прекине хуманитарната помош е гнасна уцена, воено злосторство и флагрантно кршење на договорот за прекин на огнот – изјави Хамас и ги повика посредниците и меѓународната заедница да извршат притисок врз Израел.

Договорот за прекин на огнот стапи на сила на 19 јануари, по 15 месеци разорна војна во Газа, а денеска истече рокот за првата фаза од договорот за прекин на огнот. Втората фаза треба целосно да стави крај на војната во Газа, да обезбеди повлекување на израелските сили и враќање на преостанатите заложници.

Сепак, двете страни сè уште не постигнале договор за втората фаза, додека САД предложија да се продолжи првата фаза до средината на април, што Израел го прифати, а Хамас го отфрли.

 

 

 

 

Слични содржини