Одредени кругови во администрацијата на Доналд Трамп ја разгледуваат можноста за рестартирање на „Северен тек 2“ како дел од пошироката стратегија за подобрување на односите со Русија и стабилизирање на европскиот енергетски пазар, пишува „Фајненшл тајмс“.
Нивната визија вклучува ангажирање американски инвеститори, што ќе му овозможи на Вашингтон да стекне влијание врз енергетските текови во Европа.
Според Фајненшл тајмс, поранешните високи американски функционери изјавил дека со вклучување на „доверливи американски инвеститори“, Русија би можела да го врати имиџот на стабилен енергетски партнер, додека американските компании би генерирале пасивен приход.
Сепак, планот за обнова на гасоводот предизвика загриженост кај европските лидери, кои интензивно се консултираа на оваа тема во последните недели. Европската унија и Германија продолжуваат да одржуваат строги санкции против рускиот енергетски сектор, што претставува сериозна пречка за спроведувањето на овој план.
Според анализата на Фајненшл тајмс, реализацијата на овој план зависи од неколку клучни фактори: Отстранување на американските санкции – Вашингтон би морал да ги укине мерките наметнати против рускиот енергетски сектор и компаниите поврзани со проектот. Но и Согласност на Русија – Кремљ ќе мора да се согласи за продолжување на испораката на гас преку гасоводите, што во моментов не е приоритет во енергетската стратегија на Русија.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека не е запознаен со преговорите за рестартирање на гасоводот, додека Гаспром одби да коментира. Самиот Матијас Варни, кој е под американски санкции, негираше какви било контакти со американските политички и деловни кругови, нагласувајќи дека ги почитува сите прописи кои се однесуваат на лицата под санкции.
Неколку американски инвеститори веќе изразија интерес за овој проект, додека еден конзорциум разви модел на соработка со Гаспром во случај на укинување на санкциите. Сепак, иако реконструкцијата на Северен тек 2 може да послужи како преговарачки адут во потенцијалниот мировен процес меѓу Русија и Украина, пречките остануваат огромни. Европската унија не покажува подготвеност да ги ублажи санкциите кон Москва, додека големите американски корпорации остануваат внимателни околу враќањето на рускиот пазар.
Обновувањето на Северен тек 2 може да сигнализира можно смирување на тензиите меѓу САД и Русија, но останува прашањето дали Европа ќе поддржи таков потег.
Трамп претходно покажа прагматичен пристап кон енергетската политика, како што се гледа преку неговата стратегија кон ОПЕК и Саудиска Арабија, но не е јасно до каде може да оди во приближувањето кон Москва со оглед на отпорот во американскиот естаблишмент. Од една страна, администрацијата на Трамп може да го користи овој проект како средство за притисок во преговорите за украинската криза. Од друга страна, регулаторните, политичките и економските пречки остануваат огромни, што ја прави реализацијата на овој план неизвесна во догледна иднина.
Како што енергетската криза во Европа се продлабочува и глобалната динамика се менува во корист на новите играчи како Кина и БРИКС, прашањето за судбината на Северен тек 2 останува отворено како потенцијална карта во геополитичката игра меѓу САД, Русија и Европа.