Урсула фон дер Лајен по средбата во Лондон: Европа мора итно да се вооружи

од Даниел Ѓорѓиевски
149 прегледи

Лидерите имаа добра и искрена дискусија, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која беше една од првите што излезе и даде изјава. Таа додаде дека лидерите имале „добра и искрена дискусија“, разговарајќи за тоа што е потребно за да се стави Украина во позиција на сила. Урсула фон дер Лајен истакна дека на Украина и се потребни „сеопфатни безбедносни гаранции“ кои ја поддржуваат нејзината економска и воена позиција.

фон дер Лајен смета дека е потребно итно вооружање на Европа  и дека Комисијата на 6 март на Европскиот совет ќе предложи план, бидејќи, како што вели, „навистина треба драстично да се забрза процедурата”

,,Сега е од најголема важност да се зголемат инвестициите во одбраната на подолг временски период. „Тоа е за безбедноста на Европската унија, и ние мора… во геостратешката средина во која живееме, да се подготвиме за најлошото и затоа да ја зајакнеме одбраната“, изјави Урсула фон дер Лајен.

Запрашана што има да му порача на Трамп и САД, таа одговори: „Ние сме подготвени, заедно со вас, да ја браниме демократијата и принципот дека постои владеење на правото, дека не можете да го напаѓате и заплашувате вашиот сосед или да ги менувате границите со сила“.

 

Слични содржини