По црешите и дињите, на власта не и е јасно како едно семејство може да троши повеќе од 13 литри млеко месечно

од Vladimir Zorba
1,3K прегледи

Високите цена на храната во маркетите кој влијаат на стандардот на граѓаните долго време се главна тема во јавноста. Откако неодамна
премиерот Христијан Мицковски излезе со став дека треба да има измени во пресметката на минималната синдикална кошница, со образложение дека во јануари не треба да има цреши, праски, дињи, лубеници…

Пред една недела пак, министерката за финасии Гордана Димитриевска Кочовска излезе со став дека не треба да се јаде грашок од конзерва и оти не треба да троши повеќе од 13 литри млеко месечно. Потоа се корегира па наместо 13 излегоа 18 литри месечно.

-Не секое семејство во земјава троши исто количество на основни прехранбени производи. Некое семејство може да троши и 18 литри млеко месечно, но има и такви што не пијат млеко воопшто, рече министерката и објасни дека нејзиното четиричлено семејство купува замрзнат грашок од поевтините маркети, а не поскапи варијанти кои надминуваат 100 денари за иста грамажа.

Димитриевска Кочовска нагласи дека според податоците од последниот попис, просечното семејство во земјава брои три, а не четири члена.

Претходно и премиерот Христијан Мицкоски тврдеше дека во кошничката некои производи му се чудни, истакувајќи дека не е логично во јануари да има цреши, праски, дињи, лубенiци….

Од Сојузот на синдикати на Македонија објаснија дека иако помеѓу 63-те производи кои влегуваат во кошничката има и цреши, праски…, пресметката е за цела година, што значи дека, на пример, се купуваат три килограми цреши, што изнесува само 10 грама дневно или две
цреши.

-Во кошницата се ставени производи кои не се луксуз и кои реално му се потребни на едно четричлено семејство. Ние сметаме дека 13 литри млеко месечно не се многу, бидејќи ако се подели со 30 дена тоа доаѓа по околу половина литар, односно две чаши дневно. Како просечно семејство ние го земавме четричленото семејство, бидејќи во државата има и 5-6 члени семејства, појаснуваат за „Локално“ од Сојузот на синдикати на Македонија.

И потрошувачите се согласуваат дека 13, па дури и 18 литри млеко месечно не се ништо за едно семејство со две-три деца.

-Порано кога купувавме млеко од еден кравар кој ни носеше секој ден млеко во пластично шише од 1,5 литри и дури не ни стигаше. Тоа значи сме трошеле околу 40 литри млеко месечно. Сега дел од тоа млеко го поткиселував, но не ни беше многу. Така што сметам дека за семејства со две или повеќе деца дури и 18 литри млеко месечно се малку, вели една купувачка во супермаркет.

Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е зголемена за 521 денар во однос на јануари. Според пресметките, едно четиричлено семејство месечно за храна и пијалаци треба да одвои 23.427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5,800 денари,  за станарина, вода, електрична енергија и греење 6,096 денари или 9,6 отсто.

Б.С.

Слични содржини