Поповски: Македонија треба да молчи и да биде претпазлива – кога слоновите се забавуваат, мравките страдаат

од Nikola Popovski
100 прегледи

Ова прашање е за сите мали земји во Европа и за сите лилипутански земји како нас. Мали се Бугарија, Грција, Романија. Има една индиска поговорка: „Кога слоновите се забавуваат, мравките страдаат“. Сега не светската сцена се забавуваат слоновите. Трансатланското партнерство како да се нарушува и преминува во конфликтно. Се зацвртсува погледот на американско-руската политика кон светот. Европа личи како да е во голем конфликт со Америка и тоа не го крие, рече поранешниот министер и професор Никола Поповски запрашан кон кој курс се движиме земја, на економско и политичко поле.

-Како да се постави Македонија – не мислам дека некој има точен одговор. Ако ме прашате за мислење, мислам дека треба да биде многу претпазлива, да молчи, да исчекува големите сили да ги договорат работите и да се приклони таму каде природно припаѓа – во ЕУ и НАТО, кажа Поповски во емисијата „24 анализа“.

За односите, професорот посочува дека сегашната позиција на Македонија е нејасна.

-Кога беше Орбан во Охрид, нашиот премиер кажа дека Унгарија е нашиот стратешки партнер. Тој збор така лесно не се употребува. Колку што знаеме и САД е наш стратешки партнер, а претендираме да станеме членки на ЕУ. Тука зборуваме за сопствена иднина во ЕУ. Сега сме во ситуација да бидеме внимателни. Да не се истрчуваме со изјави. Најмногу страдаат малите држави. Украина настрада, а не е мала, додаде Поповски.

Слични содржини