Туск: Полска е побезбедна кога Украина е моќна

од Даниел Ѓорѓиевски
10 прегледи

Суверена, прозападна Украина која може да се брани значи посилна и побезбедна Полска, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине воената помош за Украина.

„Во политичките превирања и растечкиот хаос, тоа значи најмногу. Кој ја доведува во прашање оваа очигледна вистина, придонесува за триумфот на (рускиот претседател Владимир) Путин“, напиша Туск на платформата Х.

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Павел Врноски, денеска изјави за новинарите дека Трамп ја донел одлуката да ја прекине помошта за Украина без да се консултира со сојузниците.

 

Слични содржини