Арапските лидери на состанокот во Каиро изјавија дека го прифатиле планот на Египет за иднината на Појасот Газа и ја повикаа меѓународната заедница и финансиските институции брзо да го поддржат, објави Ројтерс.
Египет го претстави својот план за Газа на арапскиот самит, кој ќе го маргинализира Хамас и ќе создаде привремени власти под водство на арапски, муслимански и западни држави.
Планот се спротивставува на иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предложи создавање на „Блискоисточна ривиера“, проект кој вклучува масовно преселување на Палестинците и американска обнова на Газа.
Египетскиот план, според нацртот, предвидува формирање мисија за помош во управувањето што ќе го замени владеењето на Хамас во Газа на неодреден период, со задача да обезбеди хуманитарна помош и да започне реконструкција. Според тој план, вкупните трошоци за реконструкција би биле 53 милијарди долари, а за обнова на палестинската енклава би биле потребни околу пет години.
Во првата фаза од реконструкцијата, која ќе трае две години, ќе бидат изградени околу 200.000 станбени единици, а во таа фаза ќе бидат искористени 20 милијарди долари. Во втората фаза, која е предвидено да трае две и пол години, ќе бидат изградени уште 200.000 станбени единици и аеродром во градот Газа, а за тоа ќе бидат издвоени 30 милијарди долари.
Египетскиот план предвидува формирање мисија за помош во управувањето што ќе го замени владеењето на Хамас во Газа на неопределен период, чија задача е да обезбеди хуманитарна помош и да започне реконструкција, се вели во нацртот што го видел Ројтерс.