Андоновски: Нема да се менува законот за медиумско претставување на политичките партии

од Даниел Ѓорѓиевски
25 прегледи

Владата нема да прави притисок за менување на законот за медиумско претставување на политичките партии, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според него, законот не треба да се менува шест месеци пред избори,  а доколку се менува за тоа ќе биде потребна согласност од сите политички партии во собранието.

,Медиумското претставување за време на изборите е регулирано со закон, а тој закон единствено може да се менува со согласност на сите политички партии во собранието, но јас сметам дека шест месеци пред избори не треба да се менува и потребно е да се следат сите насоки на ОБСЕ, и владата нема да прави притисок  доколку не постои интерес кај сите” изјави Стефан Андоновски

Државната изборна комисија и агенцијата за аудио и визуелни услуги има надлежност и механизми за спречување на можни злоупотреби со медиумските кампањи за време на избори, потенцира министерот Андоновски.

,,Министерството за дигитализација нема надлежност во законот за изборни кампањи и нема никакви механизми со кои може да се прави било каков мониторинг, евиденција или можна злоупотреба, и колку што сум запознаев државната изборна комисија и во одреден дел агенцијата за аудио и визуелни услуги имаат надлежност и тие може да реагираат врз можни злоупотреби’’ изјави Андоновски.

Во врска со изборниот законик, Андоновски изјави дека тој е во надлежност на министерството за правда за што била формирана работна група која подгтовила закон во кој не биле вклучени сите политички партии во собранието и законот бил отфрлен.

Слични содржини