Левица бара кривична одговорност од градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, поради како што се вели во соопштението на партијата униптување на културно наследство, односно Поврзувачката порта на Бит-пазар на скопспката чаршија.
„Самоволието на ДУИ и натаму продолжува. Минатата недела, градоначалниот на општина Чаир, Висар Ганиу, помпезно промовираше уништување на заштитено културно наследство во Старата скопска чаршија, односно „поврзувачката порта на Бит-пазар со Старата скопска чаршија“, како што ја нарекоа од Општина Чаир. Во таа прилика Ганиу за медиумите арогантно изјави дека за оваа порта има одлука од Советот на Општина Чаир и не е потребна дозвола од Конзерваторски центар“, стои во соопштението на Левица.
Од партијата на Апасиев нагласуваат дека со реакција се огласила и директорката на Конзерваторскиот центар-Скопје, Љиљана Китановска, која потврдила дека портата е бесправна градба и не постои законска регулатива со која може да се легализира.
Од Левица бараат реакција од министерот за култура, Зоран Љутков и брзо решавање на проблемот, бидејќи како што нагласуваат од партијата, дел од градбата која ја прмовира Ганиу се наоѓа на споменичка целина дел од Старата скопска џамија која е под заштита од прв степен што подразбира поставување на било какви градби на таков простор.
„Дел од градбата се наоѓа во границите на контактната зона наречена Дуќанџик кој што се наоѓа во границите на споменичната целина Стара скопска чаршија и каде се применува режимот на заштита од прв степен, кој подразбира забрана за поставување градби на јавни простори и за нарушување на интегритетот на заштитената целина. Воедно, во важечкиот детален урбанистички план „Стара чаршија“, донесен во 1999 година со одлука на Советот на Општина Центар, не предвидува никаква градба на предметната локација. Ова значи дека поврзувачката порта поставена меѓу Бит-пазар и Старата чаршија го намалува културниот идентитет и уникатниот карактер на чаршијата, и според тоа веднаш треба да се отстрани. Левица апелира Министерството за култура, веднаш да реагира и да ја заштити чаршијата како симбол на Скопје од понатамошно деградирање, и да реагира на непочитување на законот и подзаконските акти. Од коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ бараме да се покрене кривична одговорност за непочитување на законите и уништување на култирното наследство“, стои во соопштението на партијата.