Доналд Трамп ќе ја укине програмата за здравствена заштита

од desk4
104 прегледи

Демократите стравуваат дека Доналд Трамп планира да ја прекине програмата за сигурување што им помага на милиони Американци со ниски приходи и други Американци да платат за здравствена заштита-Медикеид.

Истакната  демократка Александра Окасио-Кортез, која не присуствуваше на говорот на претседателот Доналд Трамп во Конгресот, во својот коментар на неговиот говор на Инстаграм укажа на опасноста од укинување на програмата за здравствена заштита.

„Ова не беше најдобриот говор на Трамп“, стои во објавата на инстаграм, додавајќи дека тој „зборува многу“ и презентира „многу дезинформации“.

Според Кортез, една од работите на кои Трамп не давал на значење е Медикеид, механизам кој според неа е клучно прашање помеѓу демократите.

„Зарем не ви е сомнително што Трамп ниту еднаш не го спомна Медикејд? напиша Кортез,  нагласувајќи дека голем дел од информациите што ги дал претседателот имаат за цел да го одвлечат вниманието од плановите на неговата администрација за програмата.

Од дгура страна, Трамп во неколку наврати потенцираше дека не планира да го намали Медикеид, иако го поддржа предлог-буџетот на Претставничкиот дом кој повикува на кратења кои би можеле да ги таргетираат социјалните програми како што е Медикеид.