Од ОЈО преку соопштение избестуваат дека до нив до сега не е пристигната пријава од Хајрулази против Љупчо Коцевски – јавен обвинител на Македонија, Татјана Кацарова – јавен обвинител во ОЈО Штип, Ристо Бојаџиски – виш ЈО на ВЈО Штип и Ермон Незири – член во Совет на јавни обвинители за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 од Кривичниот законик.
„ Доколку биде примена, истата ќе биде распоредена кај надлежен јавен обвинител. Основното јавно обвинителство Штип ја известува јавноста дека во постапката против осомничениот се постапува целосно согласно закон, а истрагата е во финална фаза. Надлежниот јавен обвинител не подлегнува на притисоци и испрати покана до осомничениот тој да даде исказ во своја одбрана, меѓутоа поканата е вратена со забелешка дека тој се иселил од адресата наведена за лицето во полномошното и во системот на МВР“, се наведува во соопштението.