По два дена значителни падови, цените на акциите на Волстрит денеска забележаа раст, охрабрени од најавите на Белата куќа за привремено укинување на царините за автомобилите увезени од Канада и Мексико.
Индексот Дау Џонс порасна за 1,14%, достигнувајќи 43.006 поени, додека С&П 500 се зголеми за 1,12%, на 5.842 поени. Технолошкиот индекс Сасдакскокна за 1,46%, достигнувајќи 18.552 поени.
На почетокот на тргувањето изгледаше дека индексите ќе продолжат со падот, бидејќи економските показатели укажуваа на забавување на американската економија. Но, веста за привремено олеснување на царините ги охрабри инвеститорите, што резултираше со позитивни движења на пазарот.
Поради оваа одлука, акциите на автомобилските производители беа меѓу најголемите добитници. Џенерал Моторс скокна за 7%, Форд порасна за 6%, додека Тесла забележа раст од 2,5%.
„Во моментов сме на царински ‘тобоган’. Политичките одлуки имаат значително влијание врз пазарот и неговите реакции“, изјави Васиф Латиф, директор во Сармаја партнерс.
Позитивен тренд беше забележан и на европските берзи. Франкфуртскиот ДАКС порасна за 3,38%, достигнувајќи 23.081 поен, додека парискиот CAC забележа раст од 1,56%, на 8.173 поени. Наспроти ова, лондонскиот ФТСЕ индекс благо се намали за 0,04%, на 8.755 поени.
Инвеститорите сега внимателно ги следат понатамошните потези на Вашингтон во трговската политика, бидејќи секоја промена може значително да влијае на глобалните пазари.