Вучиќ: Планот е да го заземат Собранието и РТС и да ме принудат на преодна влада

од Milan1
578 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Главниот одбор на Српската напредна партија изјави дека остануваат уште пет дена до „нивниот обид за револуција“ и уривањето на уставниот поредок, што е едно од најтешките кривични дела во Србија.

„Главното барање по преземањето на институциите ќе биде формирање некаква преодна влада. Тие не можат да го соборат претседателот, бидејќи знаат дека тоа ќе ги доведе во конфликт со армијата и со се друго“, рече Вучиќ.

Тој оцени дека „единствениот план е преземање на српското Собрание и Радио и телевизија на Србија, а тие не можат да го преземат Претседателството, туку ќе го „заокружат“ и ќе го натераат да потпише за преодна влада“, но како што рече нема да успеат во тоа.

Вучиќ истакна дека „додека е жив нема да прифати никаква преодна влада“, дека „ќе мора да го убијат“ и дека тоа е негов завет, односно „дека нема да ја предаде земјата на измамници“.

Тој најави дека вечерва ќе зборува на информативната програма на Радио и телевизија на Србија, доколку, како што изјави, не биде спречен во тоа.

Слични содржини