Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм го изрази својот гнев откако студентите ја блокираа зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград, што доведе до судир меѓу полицијата и студентите.
Околу час и половина по инцидентот, Вучиќ успеал да се фотографира со полицаецот за кој тврди дека бил повреден од студентите и да го објави на својот Инстаграм профил. Човекот за кој српскиот претседател вели дека е полицаец кој бил „удрен со тупаница“ од студенти и му нанел „страшни повреди“, има модринка на окото, додека Вучиќ на фотографијата позира со лут израз на лицето. Ги нарече студентите „болшевички пленумци“ и порача дека ќе одговараат за повредата на полицаецот.
„Лазар Бачиќ, полицаец, беше нападнат од членовите на болшевички Пленум пред зградата на РТС. Тој се здоби со сериозни физички повреди. Застрашувачки. Го удрија со боксирач. Насилниците мислат дека им е дозволено да прават се. Ќе одговараат за секое насилство што го направиле. Толку од мирните демонстранти. Ќе победи нормална Србија, ќе победи демократска Србија“, порача Вучиќ.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои јасно се гледа како Бачиќ бил удрен од припадник на српската Жандармерија. Според објавеното, се гледа како полициски специјалец во целосна опрема удира маж во цивилна облека кој потоа губи рамнотежа и паѓа на земја. Врз основа на облеката на удрениот, како и други снимки и фотографии, може да се заклучи дека се работи за повредениот полицаец Лазар Бачиќ.