Ново истражување на јавното мислење во САД покажа дека 56% од Американците, вклучувајќи 89% од демократите и 27% од републиканците, веруваат дека претседателот Доналд Трамп има премногу блиски односи со Русија.
Анкетата доаѓа по неговите неодамнешни изјави за Украина, каде јавно го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи прекин на огнот со Русија. Овој став предизвика загриженост меѓу сојузниците на САД во Европа, кои веќе размислуваат за зголемување на сопствената одбранбена способност без да се потпираат на Вашингтон.
Истражувањето покажа и дека 44% од испитаниците ја поддржуваат идејата на Трамп за условување на воената помош за Киев со добивање удел во минералните суровини на Украина. Оваа идеја има поголема поддршка кај републиканците (66%), додека само 20% од демократите се согласуваат со неа.
Во анкетата, Американците покажале мала поддршка за предлозите на Трамп за територијално проширување на САД. Идејата за анексија на Канада доби 17% поддршка, додека преземањето на Гренланд и Панамскиот канал добија поголемо одобрување меѓу републиканците.
Истражувањето на Ројтерс/Ипсос било спроведено онлајн со 1.422 возрасни испитаници, а маргината на грешка е три процентни поени.