21
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала бил регистриран утрово во 08:08 часот во Албанија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил на околу 35 километри од Елбасан.
Тресењето е почувствувано и во југозападните делови на Македонија, особено во охридско-струшкиот регион. Иако не се работи за силен земјотрес, жителите од погодената област пријавиле забележливо тресење на земјата, што предизвикало непријатност и страв.
Засега нема информации за штети или повредени, но сеизмолозите предупредуваат дека во овој регион чести се помали земјотреси и дека не треба да се исклучи можноста за нови потреси.