Американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да го замени портретот на поранешниот американски претседател Барак Обама во Белата куќа со слика на која тој е прикажан по обидот за атентат во јули минатата година.
Според NBC News, портретот на Обама е преместен во друга просторија, а на главниот ходник сега е прикажана слика на Трамп по обидот за атентат на 15 јули претходната година во Пенсилванија.
Трамп е сликан опкружен од агенти на Тајната служба, со крваво уво каде што бил погоден од куршум од атентаторот Томас Метју Крукс.
На местото каде што сега е оваа слика, нормално треба да има портрет на последниот претседател. Бидејќи Џо Бајден сè уште го нема својот претседателски портрет, таму беше Обама.
Сепак, ова е непишано правило кое Трамп претходно го прекрши. Во првиот мандат тој ги премести портретите на поранешните претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш.
Да потсетиме, ова не е прв пат Трамп да има проблем со портретите. Не му се допадна неговиот портрет во зградата на Капитол на државата Колорадо, па побара да се отстрани.
Освен тоа, во Белата куќа, поточно во Овалната соба, Трамп додаде портрети од неговите омилени претседатели, а ја врати и бистата на Винстон Черчил, поранешниот премиер на Велика Британија, која Бајден ја отстрани.