И пратениците на СДСМ излегоа пред Собранието, дел од родителите: „Барем овие се симнаа за разлика од некои кои ниту добар ден не ни кажаа“

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Покрај дел од пратениците од Левица и пратеничката група на СДСМ излезе пред родителите на настраданите од Кочани, пред зградата на Собранието. Нив ги предводеше лидерот на партијата, Венко Филипче.

Пратениците на СДСМ најпрвин беа пречекани со негодувања и со зборовите „убијци, убијци“. Откако ситуацијата се смири, дел од присутните порачаа „добро е овие барем се симнаа, за разлика од некои“.

„Ние ги побаравме. Се одважија да излезат за разлика од некои други кои не се одважија ниту добар ден да ни кажат“, изјави еден родител.

-Ние сме со вас. Даваме се од себе во борбата. Институционално правиме тоа што можеме. Бараме истрагата да не биде селективна и тоа го правиме со расположливите инструменти, рече Филипче пред гневните родители и граѓани.

Дел од семејствата на загинатите упатија прашање до пратениците – што се случи со решенијата на претходното раководство на МВР за престанок на работата на дискотеката „Пулс“. Една од мајките на загинато дете рече дека тогашниот министер Оливер Спасовски издал барање за затворање на „Пулс“. Кој потоа не ја спровел потврдата, треба да кажат надлежните органи, кажа таа.

-Ние сме тука. Со ова не сакаме да постигнеме политички поени. Тука сме да помогнеме, додаде Филипче.

Слични содржини