Тарифите на Трамп го ограничуваат растот на продажбата на смартфони, прогнозите за 2025-та се преполовија

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Новите тарифи што ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во април создадоа неизвесност на пазарот што значително ќе ја забави продажбата на паметни телефони, предупредуваат аналитичарите.

Според ревидираните прогнози, IDC (International Data Corp) очекува глобалните испораки на паметни телефони да пораснат само за 0,6 проценти во 2025 година, додека Counterpoint Research предвидува малку поголем раст од 1,9 проценти.

И двата истражувачки центри посочуваат на можно зголемување на цените на уредите и влошување на макроекономската средина како клучни фактори што би можеле негативно да влијаат на потрошувачката, објавува Bloomberg.