„Арсовска: „Срамот денеска го виде цела Македонија – нема горда, туку криминална Македонија!

од Марта Пешевска
42 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денес обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН се обиделе да избегнат јавна расправа за незаконските дивоградби во општините Чаир, Сарај и други делови на Скопје. Таа појасни дека советниците од овие партии поднеле предлог за вонредна седница на Советот на град Скопје која требало да ги опфати дивоградбите во неколку општини.

Сепак, поради страв од откривање на документи што, според неа, биле фалсификувани од Висар Ганиу, иницијативата била повлечена. „Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се плашат да се соочат со темата за дивоградбите, па избегаа од дискусијата и ја повлекоа точката од дневен ред“, напиша Арсовска на својот профил на Фејсбук.

Таа ја критикуваше коалицијата и ја нарече одговорна за „Криминална Македонија“, истакнувајќи дека нема причина за гордост кога вакви прашања се игнорираат и сокриваат од јавноста.