20-годишник ограбил половина град за еден месец – ОЈО бара притвор

од Марта Пешевска
81 прегледи

Млад скопјанец на дваесетгодишна возраст се соочува со истрага поради серија кражби извршени во текот на мај месец. Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, осомничениот прво провалил во кафуле во еден трговски центар, каде што украл шишиња со алкохол вредни над 25.000 денари.

Неколку недели подоцна, според обвинителството, продолжил со криминалните дејствија – на 23 мај насилно влегол во билијард-клуб и одзел речиси 29.000 денари од касата. Само два дена подоцна, на 25 мај, украл уште 2.000 денари од продавница откако насилно ја отворил вратата, а следниот ден на сличен начин извлекол уште 2.000 денари од автомат за кафе во сопственост на правно лице.

Вкупната штета што ја предизвикал младиот осомничен изнесува околу 56.000 денари. Обвинителството побарало притвор за младиот човек, оценувајќи дека постои ризик да продолжи со извршување на кривични дела.

„Јавен обвинител достави предлог до судија на претходна постапка за определување притвор за осомничениот“, соопштија од ОЈО Скопје.