📹Кој е сега „слабак“: Трамп речиси падна на скали, претходно му се потсмеваше на Бајден за тоа

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп (78), речиси падна на скалите синоќа кога влегуваше во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.

Видеото брзо стана хит на социјалните мрежи, при што многумина истакнуваат дека Трамп често му се потсмевална поранешниот претседател Џо Бајден кога падна на скалите од истиот авион.

Најпознатиот случај се случи откако Џо Бајден постојано се сопнуваше додека се качуваше по скалите на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ во март 2021 година. Во деновите што следеа, Трамп го коментираше инцидентот со потсмевлив тон на политичките митинзи и интервјуа, честопати користејќи го за да ја доведе во прашање физичката подготвеност и менталното здравје на Бајден.

На еден митинг, Трамп дури и го имитираше паѓањето на Бајден, што предизвика смеа кај публиката. Во таа прилика, тој рече: „Не паднав кога се качував по скалите. И со кожни чевли!“

Додаде дека „светот гледал“ и дека „претседателот на Соединетите Американски Држави не смее да изгледа како слабак“.

Слични содржини