Сосема очекувано, намерата на Илон Маск, веројатно најбогатиот човек на светот, да основа нова партија во САД, сосема очекувано го продлабочи неговиот конфликт со претседателот на САД, Доналд Трамп, кој ја нарече идејата „идиотска“.
„Жал ми е да гледам како Илон Маск комплетно откачил, во суштина станувајќи КРШ во изминативе пет седмици. Дури сака да основа Трета Политичка Партија, и покрај фактот дека тие никогаш не успевале во САД – Системот не е креиран за нив. Единствената работа во која Трети Партии се добри е создавање Комплетен и Тотален РАСПАД И ХАОС, и веќе ни е преку глава од тоа со Радикалните Левичарски Демократски, коишто ги загубиле и довербата и умовите!“, порача Трамп во долг пост на неговата социјална мрежа Трут Соушл.
Donald J. Trump Truth Social 07.06.25 06:20 PM EST
I am saddened to watch Elon Musk go completely “off the rails,” essentially becoming a TRAIN WRECK over the past five weeks. He even wants to start a Third Political Party, despite the fact that they have never succeeded in the…
— Commentary Donald J. Trump Posts From Truth Social (@TrumpDailyPosts) July 6, 2025
Илон Маск потроши над 300 милиони долари за предизборната кампања на Трамп, по што беше назначен за прв човек на новоформираното министерство за владина ефикасност, односно тело што треба да ги намали државните расходи и администрацијата, но во мај и јуни се испокара со претседателот на САД кого претходно беспоштедно го поддржуваше. Минатата седмица Маск објави дека ќе формира нова партија „Америка“, која ќе биде алтернатива на Републиканската и Демократската партија.
Причината за спорот меѓу Трамп и Маск беше „Големиот убав предлог-закон“ на Трамп за даноците и државните расходи. Маск е на став дека тој ќе го зголеми националниот долг на САД, односно ќе се постигне токму спротивното на тоа што тој се обидуваше да го постигне додека го поддржуваше Трамп.
Претседателот на САД, исто како и другите критичари на најбогатиот човек на светот тврдат дека сопственикот на „Тесла“ е незадоволен од укинувањето на субвенциите за електричните возила.