Маркетиншки трик: Џастин Бибер изненади со објавувањето на нов албум

Иако во последните недели предизвикуваше загриженост со своето однесување, Џастин Бибер сега објави нов албум во кој објасни дека е посреќен од кога било

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Можеби бевме многу загрижени за него, но Џастин Бибер сега пријатно нè изненади со објавувањето на нов албум! Емоционален и искрен – новиот албум е нешто што дефинитивно ќе биде на плејлистите ова лето!

Поп мегаѕвездата го издаде својот седми студиски албум во петок, 11 јули, што е неговиот прв проект по албумот „Justice“ од 2021 година.

Албумот содржи 21 песна, а меѓу гостите се Gunna, Sexyy Red, Cash Cobain, Lil B, Eddie Benjamin и други.

Како што претходно беше најавено, овој албум е помрачен, поранлив и помалку „дотеран“ од неговите претходни дела, но сепак вреди да се напомене дека албумот не е депресивен.

Сепак, музичарот понуди подлабоки текстови, но и промена на жанрот што ги изненади обожавателите.

Албумот е достапен на платформите за стриминг.

Слични содржини