Владата демантира дека Мицкоски им кажал на родителите од Кочани да си одредат цена за децата: Навредливо е сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“

Влада: Сведување на дискусијата на „здраво како сте” и „колку чини” е навредливо и се обидува да фрли сосема погрешно светлo

од Nikola Popovski
255 прегледи

Не се точни наводите пренесени во дел од медиумите за состанокот со роднините на загинатите од кочанската трагедија. Во моментот се прави злонамерно дефокусирање и злоупотребување на трагичната судбина. Владата е тука за семејствата, за сè што им е потребно и секогаш ќе биде со нив дури и кога за некои работи ќе имаат различни мислења. Ова писмо од родителите и роднините е потсетник дека мора да се решаваат проблемите и да се демонстрира волја и одлучност да се помогне уште повеќе и уште подецидно, велат попладнево од Владата откако вчера излезе соопштение од „Здружението на граѓани 16 март 2025 Кочани“ во кое беше објавено дека премиерот Христијан Мицкоски им се обратил со зборовите: „Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца“.

Владата жали, како што вели, за впечатокот кој некои го добиле, но тие средби досега не биле ниту први, а ниту последни и апелираат да не се прави сензација од средба наменета за поддршка и сочувство. Според „Илинденска бр.2“, тоа беше втора средба со семејствата и оттаму додаваат дека премиерот за време на средбата од почетокот и до крајот разговарал и се поздравил изразувајќи сочувство со сите присутни поединечно и низа други гестови и иницијативи и работи „кои од етички и човечки причини навистина не сакаме да бидат предмет на јавна дискусија затоа што се интимни и длабоко приватни и ние тоа сакаме да го почитуваме“.

-Сведување на дискусијата на „здраво како сте” и „колку чини” не само што не ја одразува вистинската дискусија и намера, туку е навредливо и се обидува да фрли сосема погрешно светло на намерите и постапките на Владата, определувајќи ги како длабоко нечовечни што е несоодветно и неточно. Истовремено, изразувајќи длабока тага за трагедијата, сочувство и поддршка за семејствата, упатуваме на тоа дека оваа трагедија, овој трагичен и ужасен настан, е болка не само за семејствата, но и за целата држава и нема некој кој не го мисли и чувствува тоа. Владата ќе биде секогаш тука за семејствата и што се однесува до нашиот ангажман и тоа што зависи од нас, ќе се трудиме правда да има, и ќе се бориме утеха некаква ако може да се најде, и секогаш ќе бидеме потпора на семејствата, во нивните потреби, барања и предизвици. Затоа што ова е и наша болка и тага, и тие не се мерат и споредуваат, туку се докажуваат со дела кои ние ги правиме и планираме да ги правиме, порачуваат од Владата.

Апелираат да не се злоупотребуваат овие настани и моменти, да не се суди врз база на гнев и тенденција, а, како што се додава, Владата секогаш ќе биде тука за семејствата и колку што може – максимално ќе им помага во барањата кои се рационални и врз основа на закон и ингеренции.

Родителите имале две барања до премиерот – еднократна парична помош за секое семејство на починат од трагедијата и предвремено пензионирање или инвалидска пензија за родителите на починатите.

Во продолжение прочитајте ја целата објава на Здружението:

Слични содржини