Општина Солун почнува со поставување блокатори на тркалата на сите возила кои непрописно се паркирани. Оваа мерка важи и за странските туристи.
Според надлежните, блокаторите ќе се ставаат на возила паркирани на места наменети за жители, на рампи за лица со попреченост и во зони за товарење и истовар.
Доколку некој види дека на неговиот автомобил е поставен блокатор, треба да се јави на општинската полиција: +30 2313 317930, и да ја плати казната.
Мерката ќе биде активна најмалку до крајот на септември.
Казни за сообраќајни прекршоци во Грција – што треба да знаете пред вашето патување?