Трамп: Путин не сака прекин на огнот

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во телефонски разговор со Володимир Зеленски и европските лидери изјави дека траен мировен договор со Русија е подобро решение од привремен прекин на огнот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европската Унија изјави дека постигнувањето сеопфатен мировен договор со Русија е подобро решение од привремено прекин на огнот, објави американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на извор запознаен со разговорот.

Според новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, Трамп им рекол на учесниците во повикот дека рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за прекин на огнот, туку за трајно решение што би ја завршило војната.

„Брз мировен договор е подобар од прекин на огнот“, го цитираше „Аксиос“ Трамп од состанокот.