Откако направи двонеделна пауза за да се опорави од смртта на неговата сакана мајка Џејн, Бред Пит се врати на работа и беше забележан на снимањето во Лос Анџелес, облечен во костимот на неговиот лик Клиф Бут, кој ќе глуми во долгоочекуваното продолжение на филмот од 2019 година „Once Upon a Time… in Hollywood“.
И покрај оваа лична трагедија, популарниот актер останува верен на себе и го покажува својот препознатлив професионализам, како што потврди извор за „Пипл“, откривајќи дека легендата се вратила на снимањето.
Иако родителите на Бред во голема мера се држеле подалеку од очите на јавноста во текот на неговата кариера, актерот се потруди јавно да ја спомене својата мајка овој јуни, кога разговараше со водителката на „Тудеј“, Савана Гатри, на специјалната проекција на неговиот нов филм „Ф1“.
„Морам да ја поздравам мајка ми затоа што vе гледа секое утро“, рече Пит тогаш, додавајќи: „До Џејн Пит. Те сакам, мамо.“
Џејн Пит имаше 14 внуци
Џејн Пит беше пензионирана наставничка и активистка во заедницата, а со својот сопруг Бил Пит одгледа три деца – синот Бред и ќерките Џули и Даг.
Почина на 5 август 2025 година, на 84-годишна возраст во Мисури, што првпат го објави внуката на Пит, Сидни: „Не бевме подготвени да си одиш, но знаењето дека сега си слободна повторно да пееш, танцуваш и сликаш ни го олеснува збогувањето… Таа ме научи како да бидам силна, да бидам водена од љубезност и да наоѓам радост во малите нешта“, напиша таа на социјалните мрежи.
Во некролог објавен во локалниот весник „Спрингфилд њуз-лидер“ се наведува дека Џејн оставила зад себе 14 внуци: шест од децата на Бред, три од децата на неговиот брат Даг и пет од сестрата на Бред, Џули.