Просторот за нови задолжувања станува се потесен – коменитираат економистите. Јавниот долг се доближува до 10 милијарди евра. И во новата Фискална стратегија се нотира дека задолженоста ќе ја пробие границата од 60% од БДП.
Во моментов, според последните достапни информации првата половина од годинава заврши со Јавен долг на ниво од 9,71 милијарда евра, при што тој на квартално ниво, односно во вториот во однос на првиот квартал е зголемен за 130. 300.000 евра. На крајот од јуни во споредба со крајот на март Јавниот долг бележи раст не само како пасолутен износ туку и во проценти, достигнувајќи 58 ,5%.
Комодитетот за нови задолжувања се стеснува – коментираат економистите за „Локално“.
„Јавниот долг на Северна Македонија веќе се движи над 60% од БДП и и се приближува до 10 милијарди евра. Тоа значи дека просторот за ново задолжување е сè потесен, а секој нов заем носи повисок ризик и за кредитниот рејтинг и за идните генерации. Најавите за нова еврообврзница во 2026 година, плус кредитите од Унгарија и Велика Британија, создаваат впечаток дека државата се движи во спирала на задолжување каде новите заеми се користат за отплата на старите, наместо за нова продуктивна вредност“ – вели за „Локално“ професорот , економист Абил Бауш.
Порастот на Јавниот долг беше посочен и во новата Фискална стратегија како е посечено дека оваа и следната година ќе надмине 60% од БДП. Но властите проектираат дека задолженоста ќе биде контролирана, парите ќе се трошат за капитални расходи а економијата ќе го испорача планираниот раст на БДП.
„Споредено со Стратегија за управување со јавен долг 2025–2029, во Стратегија за 2026–2030 се предвидуваат зголемени потреби за странско и домашно задолжување, како резултат на зголемени буџетски потреби за финансирање на капитални инфраструктурни проекти. И покрај зголемувањето на странското и домашното задолжување, нивото на државен и јавен долг како процент од БДП проектираното во Стратегија за управување со јавен долг 2026–2030 бележи тренд на благо намалување, како резултат на ревидираните проекции за повисок раст на БДП“ – се наведува во Фискалната стратегија.
На пресекот од првата половина од годинава надворешниот долг изнесувал 5.586.100.000 евра а внатрешниот долг надмина 4.128.000.000 евра. Во следните три години, според податоците од Фискалната стратегија, само по основа на еврообврзници, државата ќе треба да врати 1.900.000.000 евра. Евообврзницата што треба да отплати следната година а беше издадена во 2020-та беше седма по ред со камата од 3,675 % што се смета за втора најниска камата Новата Еврообврзница ќе се „фактурира“ како заем во следната економска година, она што ќе биде важо е цената односно каматата што ќе ја плаќаме но и рочноста на новиот извесен заем.
Д.А.