Женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи учеството на „Трофеј Македонија“

Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим. Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес кон турнирот, стои во објавата на РФМ.

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) соопшти дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи своето учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“.

– Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим. Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес кон турнирот, стои во објавата на РФМ.

На турнирот, покрај македонката учествуваат и репрезентациите на Египет и на Тунис.