Стигна реакција од Кремљ за изјавите на Трамп: „Нема хартиена мечка“

Синоќа, Трамп во објава на Truth Social тврдеше дека Украина може да ја врати целата територија што Русија ѝ ја одзеде

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера им рече на новинарите во Њујорк дека смета оти НАТО треба да соборува руски авиони ако влезат во воздушниот простор на алијансата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се огласи за оваа и другите изјави на Трамп за Русија.

Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин ги цени напорите на Трамп за решавање на војната во Украина, а потоа се осврна на изјавата на Трамп дека Русија е „хартиен тигар“.

– Русија е мечка. Нема хартиена мечка, рече Песков.

Одговарајќи на коментарите на Трамп во радио интервју, Песков рече дека руската војска напредува во Украина и дека динамиката на фронтот е очигледна.

Тој додаде и дека стабилноста на руската економија е обезбедена, објави Ројтерс.

Потсетуваме дека синоќа, Трамп тврдеше во својот пост на Truth Social дека Украина може да ја врати целата територија што Русија ѝ ја одзела. Тој го објави ова неколку часа по средбата со Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН.

„Мислам дека Украина, со поддршка на Европската Унија, е во позиција да се бори и да ја освои цела Украина назад во нејзината оригинална форма. Со време, трпение и финансиска поддршка од Европа, а особено од НАТО, оригиналните граници каде што започна оваа војна се многу добра опција“, напиша Трамп.

Тој тврди дека рускиот претседател Владимир Путин и Русија се „во големи економски проблеми“.

Слични содржини