Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржува 137-та седница на која со жрепка се утврдува единствена листа на кандидати за локалните избори 2025, во три дела, за парламентарни политички партии и коалиции, од 1 до 9, за партии и коалиции кои не се дел од парламентарниот состав од 10 до 33 и за група избирачки од 34 до 153. Влечењето се одвиваше по азбучен редослед.

од Vladimir Zorba
37 прегледи Фото: Принтскрин/МИА

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржува 137-та седница на која со жрепка се утврдува единствена листа на кандидати за локалните избори 2025, во три дела, за парламентарни политички партии и коалиции, од 1 до 9, за партии и коалиции кои не се дел од парламентарниот состав од 10 до 33 и за група избирачки од 34 до 153. Влечењето се одвиваше по азбучен редослед.

Претставници од парламентарните политички партии, коалиции учествуваа на жрепката по азбучен редослед. Прва на гласачкото ливче од партиите и коалициите ќе биде Искуство за успех, под број два Движење ЗНАМ, За наша Македонија, трета Демократска Партија на Србите во Македонија ДПСМ, четврта Национална алијанса за интеграција- НАИ-ДУИ, петта е Коалиција за локални избори 2025-СДСМ, шеста Левица, седма Коалиција ВЛЕН, осма Коалиција -За зелена иднина, а девета е Коалиција-Твоја Македонија-ВМРО ДПМНЕ.

Кандидатите предложени од коалицијата предводена од една иста политичка партија без разлика на бројот на политичките партии во коалицијата во различни општини ќе имаат ист реден број во сите општини укажаа од ДИК, додавајќи дека општинските изборни комисии на седница претходно ги потврдиле листите на кандидати кои ќе учествуваат на изборите, совети, членови на членови на совет на општина и членови на совет на град Скопје градоначалник на општини градоначалник на град Скопје.

На седницата беа извлечени жрепки од 10 до 33 за подносители на листи на политички партии кои не се дел од парламентарниот состав.

Бошњачки Демократски Сојуз го извлече бројот-18, ВМРО Народна Партија-ВМРО НП-21, Движење за национално единство на Турците ДНЕТ-23, Демократи Скопје-29, Демократска Партија на Ромите-10, Демократска партија на Турците во Македонија ДПТМ-14, Демократски Сили на Ромите-24, Демократски Сојуз-19, Единствена Македонија-12, МААК-28, Македонска Ера трета/Македонски независни листи/суверенисти-32, Партија за движење на Турците во Македонија-15, Партијата за обединети демократи на Македонија ПОДЕМ-26, Партија на пензионери-13, Граѓанска иницијатива ГРИН-25, Десница-31, Македонски концепт-22, Работничка партија-20, Родина Македонија-30, Сојуз на Роми-11, Српска странка во Македонија-16, ТВОЈА партија-27, Трајно македонско радикално обединување-33, Унија на Роми-17.

Во третиот дел беше влечењето жрепка за подносители на листа група избирачи за кандидати за градоначалници и кандидати за носители на листа за членови на совет од 34 до 153.

Претходно на седницата на ДИК, беше извршена и жрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за локалните избори 2025. Вкупно 17 правни лица доставиле понуди за политичко рекламирање на паноа и билборди.

Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.