Руските канали на Телеграм масовно споделуваат информации за нова стратегија на украински напади врз енергетската инфраструктура, според која новата цел ќе бидат гасоводите „Моќта на Сибир“ што ја снабдуваат Кина од Русија.
Информациите за потенцијални напади врз рускиот гасовод „Моќта на Сибир“ доаѓаат откако украинските беспилотни летала погодија воени објекти на рускиот Далечен Исток.
Руските медиуми понатаму наведуваат дека согласноста за овој напад е добиена од американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата последна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Гасоводот „Моќта на Сибир“ е најголемиот енергетски проект на Кина и Русија со капацитет за снабдување до 38 милијарди кубни метри гас.
Поради неговата стратешка важност, нападот врз гасоводот или која било од станиците и придружните објекти би резултирал со значителна нерамнотежа во дистрибуцијата на гас за кинеската економија.
Со оглед на политиката на одвраќање и конфронтација што ја заговара администрацијата на Доналд Трамп кон Кина, таквото сценарио несомнено би одразило нова интернационализација на конфликтот во Украина со непредвидливи последици