Сопственикот на „Марковски компани“ во притвор од 30 денови

Со претходната судска одлука се предвидуваше двајца од осумтемина осомничени за истрагата во врска со злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“ во 2023 година, да одат во куќен притвор.

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола го преиначил решението на судијата на претходна постапка по жалбата на ЈО заради ризиците од бегство, и на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, му определи мерка затворски притвор во траење од 30 дена, објавија неколку медиуми.

Со претходната судска одлука се предвидуваше двајца од осумтемина осомничени за истрагата во врска со злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“ во 2023 година, да одат во куќен притвор.

„Кривичниот совет го преиначи решението на судијата на претходна постапка и спрема едно лице, место мерката куќен притвор, определи мерка притвор во траење од 30 дена, поради постоење на основите предвидени во член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривичната постапка, за продолжено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ од член 275-в став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик“, информираа од Судот.

Слични содржини