Wine Vision by Open Balkan од 22 до 25 ноември на Белградскиот саем

Wine Vision by Open Balkan е плод на иницијативата „Отворен Балкан“ што ги поврзува Србија, Македонија и Албанија, а оваа година ќе собере повеќе од 600 изложувачи кои ќе презентираат вина, жестоки пијалоци, деликатеси и туристички понуди од Србија, регионот и региони од сите континенти.

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Инстаграм

Четвртиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам Wine Vision by Open Balkan ќе се одржи од 22 до 25 ноември на Белградскиот саем.

Wine Vision by Open Balkan е плод на иницијативата „Отворен Балкан“ што ги поврзува Србија, Македонија и Албанија, а оваа година ќе собере повеќе од 600 изложувачи кои ќе презентираат вина, жестоки пијалоци, деликатеси и туристички понуди од Србија, регионот и региони од сите континенти.

За време на овој меѓународен настан, ќе бидат организирани низа едукации, работилници, мастер класи, натпревари и панел дискусии, како и уникатни дегустации, имајќи предвид дека бројни експерти за вино, носители на престижната титула Master of Wine, вклучувајќи го и претседателот на глобалната организација на експерти за вино, Институтот за Masters of Wine, Род Смит МВ, го најавија своето пристигнување во Белград.