Полскиот вицепремиер и министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш денес изјави дека „сите траги водат кон исток, кон Русија“ во врска со неодамнешните инциденти на саботажа на полските железници.
Во разговор за Радио Зет, Косињак-Камиш рече дека инцидентите се гледаат во поширокиот контекст на хибридни закани со кои се соочуваат европските земји, објави Гардијан.
Тој, исто така, потврди дека истражителите испитуваат уред пронајден во близина на местото на експлозијата, за кој веруваат дека можеби бил наменет за снимање или набљудување на настаните.