ПЕНЗИИ: Популизам што ќе го плаќаат сите граѓани или вистинска поддршка за пензионерите – дали ПИОМ е под ризик?

Ќе има ли пари за идните пензионери, дали државниот ПИОМ е под финансиски ризик, дали е загрозена стабилноста на „касата“ од каде пензија треба да дочекаат сегашните вработени – ова се прашањата,  кои според економистите и познавачите, се отвораат повторно, по објавување на новите проценки за  буџетската 2026-та во која сумата за исплата на пензии се зголемува за скоро 170.000.000 милиони евра а минусот во касата на ПИОМ се продлабочува.  

од Vladimir Zorba
43 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Ќе има ли пари за идните пензионери, дали државниот ПИОМ е под финансиски ризик, дали е загрозена стабилноста на „касата“ од каде пензија треба да дочекаат сегашните вработени – ова се прашањата,  кои според економистите и познавачите, се отвораат повторно, по објавување на новите проценки за  буџетската 2026-та во која сумата за исплата на пензии се зголемува за скоро 170.000.000 милиони евра а минусот во касата на ПИОМ се продлабочува.  

Најавеното мартовскo зголемување на пензиите за 1.000 денари, заедно со септемвриското од годинава, одат под „лупа“ на Уставен суд. Сумата од 1.000 денари што ја најави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска која навестува  ново „линерно“ зголемување на пензиите беше „пресретната“ од Уставен суд.

„Постапувајќи по овој предмет, на предлог на судијата-известител Добрила Кацарска, Судот одлучи по сопствена иницијатива да поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалиското осигурување. Станува збор за одредба со која се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување). Со оспорениот член 2 правото на редовно месечно усогласување на пензиите со пресметки направени врз основа на порастот на платите и трошоците на живот, е заменето со линеарна распределба на вкупниот износ на пари за сите прензионери подеднакво, без оглед на стекнатата и остварената висина на пензијата, стажот и на уплатениот придонес“, соопшти Уставниот суд.

По кој основ следната година пензионерите ќе добијат повисоки пензии – се чини дека во моментов не е јасно. Во  Буџетот за 2026- та се посочува дека растот на пензиите ќе биде според моделот на законско усогласување во однос на просечната плата и инфлацијата што значи процентуален пораст на пензиите.

Пензиите мора да се зголемуваат, но според моделот на законско усогласување – коментираат експерите. Според нив важни се неколку прашања – како линерниот пораст на пензиите кој се применуваше во овие една ипол година  се одрази врз финансиската кондиција на државниот ПИОМ, дали навистина овој модел беше правичен и го заштити стандардот на пензионерите и како сето ова влијае врз стабилноста на државниот фонд.

Фото: Локално

Сумата за исплата на пензии се зголемува за скоро 11% …

Следната година  средствата за редовна исплата на пензии се зголемуваат за 10,7 % или за нешто повеќе од 167 000 000 евра. Според пратениците од владеачкото мнозинство, државата на ваков начин покажува грижа за оваа категорија на граѓани.

“ Средствата за пензии се зголемени за 10,7%, односно 10,3 милијарди денари повеќе, што директно ги поддржува пензионерите во услови на зголемени трошоци за живот“ – изјави пратеничката од Вмро-Дпмне Дафина Стојановска.

Финасиската зависоност на ПИОМ од Централниот Буџет се зголемува, линерниот пораст на пензиите беше „популизам“ што ќе го плаќаат сите граѓани – вели за „Локално“ Јована Тренчевска, пратеничката од СДСМ и поранешна министерка за труд и социјална политика .

„Оваа одлука не ја одразува грижата за пензионерите, туку напротив — се работи за популистичка мерка што го прикрива реалното оштетување на пензионерите. Лошите политики во изминатите 17 месеци во однос на пензискиот систем доведоа да се зголемува зависноста на пензискиот систем односно да зависи исплатата на пензиите од средствата кои се трансферираат до ФПИОМ од страна на централниот буџет“ – вели Тренчевска.

„Локално“  веќе објави дел од буџетскиот планови на ПИОМ според кои следната година иако се очекува пораст на приходите од наплата на придонеси, зависноста од Централниот Буџет се зголемува, односно државните трансфери имаат удел од  скоро 41% % во вкупните  приходи на ПИОМ.

„Учеството на приходите од Буџетот на Републиката во вкупните приходи на Фондот се планираат да изнесуваат 40,27%“ – наведуваат од ПИОМ.

Политиките на раст на платите и на пензиите треба да се следат со внимателност, посочуваат од „Фајнас тинк“ во новата оценка за Буџетот 2026 та.

„Забележуваме и дека проектираните порасти кај трошоците за плати и пензии се релативно високи – веројатно над номиналниот пораст на економијата, што и понатаму мора да се гледа во контект на инфлаторното дејство на Буџетот и „лепливоста“ на инфлацијата, и бара посебна внимателност“ – велат од „Фајнанс Тинк“,

Фактот дека дефититот во фондовската каса се зголемува и покрај тоа што се планира пораст на приходите по основ на придонеси, го вкучува „алармот“ за одржливост на ПИОМ, вели Тренчевска.

Јована Тренчевска; Фото: Фејсбук

„Зависноста на ФПИОМ и исплатата на пензиите од трансферот од централниот буџет, тенденцијата за раст на бројот на пензионери и намалување на бројот на осигуреници со задолжително пензиско и инвалидско осигурување односно работници кои плаќаат придонеси за пензиско осигурување, секако дека ќе влијае  негативно на стабилноста на пензискиот систем. Не може да биде стабилен пензискиот систем со над 42% дефицит“ – вели Тренчевска посочувајќи дека во ваква ситуација , среднорочно, може да се соочиме со ризик од пораст на стапката на придонеси, зголемување на старосната граница за пензинирање па дури и опасност од намалување на пензии.

Според Владата пак државниот ПИОМ е стабилен и исплатата на пензиите ќе биде редовна.  Пресметката на ПИОМ покажува дека просечната пензија во 2026 та ќе изнесува 447 евра.

Д.А.