Полскиот премиер Доналд Туск издаде соопштение во кое се вели дека никаков договор во врска со Украина не треба да ја поткопа безбедноста на Полска и Европа.
„Напротив, треба да ја зајакне“, рече Туск, цитиран од Ројтерс.
Соединетите Американски Држави и Украина ги продолжуваат разговорите во Женева за да најдат заемно прифатлив мировен план откако Вашингтон и Киев се согласија да го изменат американскиот предлог.
Украина и нејзините европски сојузници го сметаа тоа за исполнување на сите желби на Кремљ.