Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД повеќе не се финансиски вклучени во војната во Украина и дека неговата администрација се фокусира на дипломатски крај на војната.
„Како што знаете, имаме проблем со војната што нашите луѓе моментално се обидуваат да ја решат меѓу Русија и Украина. Ние повеќе не сме финансиски вклучени во оваа војна“, рече Трамп на состанок на кабинетот, објави Фокс њуз.
Тој го обвини поранешниот американски претседател Џо Бајден дека „делел милијарди долари како бомбони“, наведувајќи дека „огромен дел“ од помошта е доставен во кеш, а остатокот во опрема.