Макрадули со писмо до Дедо Мраз: „Не е од кафе талог,тоа се луѓе кои размислуваат со своја глава, за нив популизмот е непристоен“

Поранешниот директор на АД Пошта, Јани Макрадули на својот Фејсбук профил напиша иронично писмо до Дедо Мраз, во кое јасно ја критикува власта и премиерот Христијан Мицкоски.

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Поранешниот директор на АД Пошта, Јани Макрадули на својот Фејсбук профил напиша иронично писмо до Дедо Мраз, во кое јасно ја критикува власта и премиерот Христијан Мицкоски.

„Да нема недоразбирање, не е од кафе талог, туку тоа се луѓе кои размислуваат со своја глава, за нив популизмот е непристоен, а ПР-от е без ефект за граѓаните. Тие ја сакаат земјата во ЕУ, и тој талог мора да се покрие со твоја помош Дедо Мразе“, пишува Макрадули.

Ги напаѓа и медиумите кои се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

„Слободно прескокни со критичка мисла. Кампањиве одлично функционираат и без неа. Не ни носи разум, ќе ни ги расипе слоганите“, порачува тој, додавајќи: „Без прашања годинава, те молам. Си имаме готови одговори. Задржи ги фактите, со нив не се прави добар ПР“.