Претреси на повеќе локации низ земјава во координирана акција на обвинителството и полицијата

Во рамки на поширока истрага за организиран криминал и финансиски злоупотреби, попладнево започна координирана акција на надлежните институции, во која се спроведуваат претреси на повеќе локации низ државата.

од desk4
31 прегледи Основно Јавно Обвинителство/Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5 ТВ

Во координирана акција што започна попладнево, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражни тимови на обвинителството, со поддршка од полициски службеници на МВР, спроведуваат претреси на повеќе локации низ државата, пренесе Press24.mk.

Како што информираат надлежните, при акцијата се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Активностите се во тек, а повеќе детали се очекуваат по нивното завршување.