Скопјанка измамена за над 95.000 денари со лажно ветување за стан и работа во Царина

Како што е пријавено, по некое време, лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што сфатила дека била измамена

од Nikola Popovski
35 прегледи Фото: Фејсбук/МВР

На 14.01.2026 во СВР Скопје, 54-годишна жена од скопско село пријави дека била измамена од едно лице за сума од 95.400 денари.

Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му ги исплатила парите бидејќи тој и рекол дека може да и помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.

Како што е пријавено, после некое време тој престанал да одговара на нејзините телефонски повици, по што сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.