Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Давос изјави дека од говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Светскиот економски форум слушнал дека „политичкиот развод“ меѓу Америка и ЕУ е траен и дека Србија мора да донесува одлуки, бидејќи треба да го реши прашањето за царините со американската страна, a да ја развива енергетиката со Европејците.
Тој рече дека Србија мора да го зачува мирот и брзорастечката економија и дека владата почнала да создава план за Србија до 2035 година и дека ќе се обиде јавно да го претстави новиот план до март.
Вучиќ рече дека верува оти наскоро ќе добие покана да ја посети Кина, дека Србија прави многу со Американците и „секако“ со Европејците.
„Мораме да бидеме мудри, да се скриеме под камен некое време, да почекаме да помине дождот“, рече Вучиќ.
Тој зборуваше и за домашните прашања и изјави дека го прифаќа барањето за спроведување на законот за потеклото на имотот.