МВР ја објави висината на казните од „Безбеден град“

Доколку се изврши плаќање во рок од 8 дена, се плаќа 50% од казната

од Nikola Popovski
37 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.

Пречекорување на брзина во населено место:

(дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)
• до 10 km/h над дозволеното – 15 €
• од 10 до 30 km/h – 50 €
• од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци

Пречекорување на брзина надвор од населено место:

(130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта)
• до 30 km/h над дозволеното – 20 €
• од 30 до 50 km/h – 50 €
• од 50 до 70 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци

Поминување на црвено светло:

• 250 € глоба
• забрана за управување 3–12 месеци

Непрописно запирање и паркирање:

(пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)
• глоби од 25 €, 40 €, 150 € и 180 €
(во зависност од видот и тежината на прекршокот)

Учество во сообраќај со нерегистрирано возило:

(без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)
• 500 € глоба
• ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена – 100 €

Намалување на санкциите:

• Плаќање во рок од 8 дена → се плаќа 50% од глобата
• Ако има и забрана за управување → се изрекува во половина од пропишаниот рок

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, за поголема лична и општа безбедност и намалување на сообраќајните незгоди.