„Внатрешниот“ долг достигна скоро 666 милиони евра – државните железници на врвот на листата ! 

Само трите најзадолжени државни фирми, МЖ инфраструктура, МЖ – транспорт и ЕСМ – производство на струја на крајот од декември 2026-та, според пресметката на „Локално“,  пријавиле вкупни доспеани, а неплатени обврски, во износ од скоро 200.000.000 евра.

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Само трите најзадолжени државни фирми, МЖ инфраструктура, МЖ – транспорт и ЕСМ – производство на струја на крајот од декември 2026-та, според пресметката на „Локално“,  пријавиле вкупни доспеани, а неплатени обврски, во износ од скоро 200.000.000 евра.

На новата „должничка листа“ на Министерството за финансии се регистрирани 845 државни институции од сите сектори, образование, здравство, култура, социјала,  кои пријавиле дека имаат доспеани, а неплатени обврски. Споредбата со состојбата на крајот од четвртиот во однос на третиот квартал покажува дека „државниот доолг“ кон приватниот сектор,  здруженија на граѓани и други непрофитни организации достигна речиси 300.000.000 евра.

За речиси 64 милиони евра , во период од  само три месеци е зголемен „внатрешниот“ долг на државата, односно долговите меѓу институциите, долгот на државата кон приватниот сектор, невладините организации, физички лица.  Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека на крајот од 2025-та доспеаните, а неплатени обврски, надминале 665.800.000 евра и во однос на третиот квартал од лани, кога биле на ниво од 601.900.000 милиони евра, бележат тренд на пораст.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

За три месеци се зголемиле доспеаните, а неплатени обврски, на општините, па така на крајот на четвртиот квартал износот надмина 90.000.000 евра. Доспеаните, а неплатени обврски, на Јавните претпријатија и на фирмите формирани од државата односно од централната власт достигнаа 274.511.000 евра, пришто и кај нив има пораст на квартално ниво.

На новата „должничка листа“ на Министерството за финансии на прво место со долг од 80.375.000 евра изби државното ЈП „МЖ -инфраструктура“, на второ место со доспеани, а неплатени обврски, во износ од 80.346.000 евра е и државното АД „МЖ – Транспорт“, додека на трето место е АД „ЕСМ – производство на струја“ со долг од скоро 33.500.000 евра.

На крајот од 2026-та меѓуинституционалниот долг, односно доспеаните а неплатени обврски, кон јавниот сектор изнесувале 329.100.000 евра додека неплатените обврски кон приватниот сектор достигнаа скоро 300.000.000 евра и во однос на третиот квартал тие се зголемени за 55.000.000 евра.

Д.А.