ДОСИЕ „Еврообврзница“: Од 150 милиони евра до 1 милијарда евра – како се собираа и трошеа парите ! 

„Локално“ хронолошки анализира како почнаа задолжувањата со Еврообврзница, покоја цена и како се трошеа парите.

од Vladimir Zorba
37 прегледи Фото: Вештачка интелигенција

Годинава стартуваше со нов заем од 1 милијарда евра обезбеден преку Еврообврзница. Од Министерството за финансии соопштија дека најголем дел од парите, односно 700 милиони евра се потрошија за враќање на Еврообврзницата што беше земена во 2020 та.  Ова е 10 та по ред Еврообврзница која беше поделена во два дела од по 500 милиони евра. „Локално“ хронолошки анализира како почнаа задолжувањата со Еврообврзница, покоја цена и како се трошеа парите.

Во период од 21 година, државата издаде вкупно 10 Еврообврзници, но се текот на годините се менуваше износот, цената, рочноста и динамиката на издавање на овие хартии од вредност.

Од 150 милиони евра, колку што изнесуваше првата Еврообврзница во 2005 та, стигнавме до износ од 1 милијарда во 2026 та. Со потпис на тогашниот министер за финансии Никола Поповски, државата за прв пат излезе на меѓународниот финансиски пазар за заем од 150 милиони евра. Каматата изнесуваше 4,625 отсто а рокот на доспевање беше десет години, со што средствата беа раздолжени во 2015 година. Тогашната влада парите ги искористи за отплата на претходни долгови кон меѓународни кредитори. Прв министер за финансии од редовите на Вмро-Дпмне кој издаде Еврообврзница беше сегашниот гувернер Трајко Славески. Во 2009 та, кога светот и Македонија се соочуваа со глобалната финансиска криза, Владата ја издаде втората и најскапа досега Еврообврзница во износ од 175 милиони евра. Каматата беше 9,875 отсто со рок на отплата од 3,5 години. Дел од заемот се трошеше за тековни буџетски потреби.

Третата Еврообврзница ќе ја издаде повторно министер од редовите на Вмро-Дпмне. Зоран Ставрески, во 2014 година стави потпис на Еврообврзница во износ од 500 милиони евра, што е значајно повисока сума во однос на претходните две еврообврзници, со што започна и трендот на заеми во поголеми износи преку овој инструмент на задолжување. Државата за оваа еврообврзница плаќаше камата од 3,975 отсто а долгот беше отплатен во 2021 година. Само една година подоцна, во 2015 та,  истиот министер,  Зоран Ставрески стави потпис на уште една, четврта по ред Еврообврзница. Вредноста беше  270 милиони евра со камата од 4,875 отсто и рок на доспевање од пет години. Средствата од оваа еврообврзница се потрошија за враќање на дспеани долгови но и за  трошоците поврзани со тогашната бегалска криза. И годината потоа, во 2016 година, во период на голема внатрешно-политика криза, тогашниот министер за финансии Кирил Миновски од Вмро Дпмне, како дел од Техничката Влада, ја издава петтата еврообврзница во износ од 450 милиони евра со годишна камата  од 5,625 отсто и со рок на доспевање од седум години. Оваа Еврообврзница беше раздолжена во 2023 та, со нов заем, повторно од Еврообврзница.

По промената на власта во 2017 та година, новиот министер за финансии од редовите на СДСМ, Драган Тевдовски во 2018 та ја издава шестата по ред Еврообврзница во износ од 500 милиони евра, со рок на достасување од седум години и каматна стапка од 2,75 отсто – што е дотогаш беше најниска камата на Еврообврзница што ја издала државата. Нецели две години подоцна, во 2020 та, кога светот и Македонија се на удар на најголемата здравствена криза со Ковид 19, Владата предводена од СДСМ ја издава седмата Еврообврзница на која потпис стави тогашната министерка Нина Ангеловска. Државата обезбеди заем од 700 милиони евра а рокот за враќање беше 2026 та, односно токму оваа Еврообврзница се раздолжи со парите од годинашната, вредна 1 милијарда евра. Седмата Еврообврзница беше со камата од 3,675 отсто.

Во 2021 та, со попис на тогашниот министер за финансии Фатми Бесими, Владата ја издава осмата по ред Еврообврзница. Износот беше 700 милиони евра но каматата од само 1,625 отсто остана како досега историски најниска. Рокот за враќање е 7 години. Во првото тромесечје од 2023 та, Фатмир Бесими, како министер за финансии става потпис на деветтата Еврообврзница “тешка“ 600 милиони евра и  рок на доспевање од четри години. Каматата на оваа еврообврзница е 6,25 отсто, што втроа по висини, по онаа камата за Еврообврзницата од 2009 та година. Најголемиот дел од сумата се потроши за исплата на седумгодишната еврообврзница издадена во 2016 та.

Годинава, со потпис на првата министерка за финансии – жена, Гордана Димитриеска Кочоска, беше издадена Еврообврзница поделена во два дела од по 500 милиони евра. Вкупниот износ од 1 милијарда евра по основ на Еврообрзница во ист момент е историски највисок износ досега.

Каматните стапки изнесуваат  3,875 % за едната транша со рок на достасување од 4 години и 4,750% за траншата со рок на доспевање од 8 години. Ова е десеттата по ред Еврообврзница во период од 21 година.

Д.А.